Будимпешта

 

Организиран трансфер од  Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

1 ден 29.12.2017 – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА 

Состанок со групата во 16:30ч. на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ и поаѓање за Будимпешта во 17.00 ч. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2017 – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови и разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, мостовите на Дунав… Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Вечерта можност за крстарење по Дунав под прекрасните будимпештански мостови (факултативно). Можност за индивидуални прошетки низ Будимпешта. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 31.12.2017 – БУДИМПЕШТА – БРАТИСЛАВА

Појадок. После појадокот, поаѓање за Братислава (факултативно). Разглед на градот со локален водич: средновековниот главен плоштад со Роландовата фонтана, Михалската порта, Градското собрание, Катедралата Св. Мартин, Словачкиот национален театар, барокната Палата Palffy во која Моцарт ги изведувал своите дела, Палатата Pauli каде Франц Лист го отсвирел својот прв концерт… Слободно време за индивидуални активности и можност да ја почувствувате предновогодишната атмосфера на градот. Во договорено време враќање во Будимпешта. *За оние кои остануваат во Будимпешта, денот го поминуваат индивидуално. Вечерта во договорено време се упатуваме во центрот на Будимпешта за дочек на Нова Година. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 01.01.2018 – СЕНТ АНДРЕА – БУДИМПЕШТА

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на живописното гратче Сент Андреа, во близина на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народните ракотворби, кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Слободно време за индивидуални активности, ручек, прошетки. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Србија со попатни паузи за одмор и цaрински формалности.

5 ден 02.01.2018  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.11.2017: 139€/8.430 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149€/9.230 денари.

 

Во цената на аранжманот e вклучено:

  • превоз со високотуристички автобуси на дадените дестинации
  • сместување во хотел со 3* во Будимпешта – 2 НП (ноќевање + појадок)
  • разглед на Будимпешта со локален водич
  • професионален туристички пратител за време на целото патување
  • организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • крстарење со брод по Дунав – 15€
  • факултативна посета на Братислава со локален водич – 25€ – мин. 30 лица за реализација
  • посета на Сент Андреа – 10€ – мин. 30 лица за реализација
  • патничко здравствено осигурување – 5€
  • индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија