Фиренца – CINQUE TERRE

Организиран бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово

1 ден 06.10.2017 – Скопје – Монтекатини

Состанок на групата во 12:30ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Фиренца во 13.00ч. Патување преку Србија, Хрватска и Словенија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

2 ден 07.10.2017 – Монтекатини – Пиза – Монтекатини

Пристигнување во пладеневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови организирана посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.10.2017 – Монтекатини – Чинкве Тере (Cinque Terre) – Монтекатини

Појадок. После појадокот, рано наутро заминување на целодневна факултативна екскурзија до најпознатите и најживописни селца на Италијанската рива. Разлгед на  регионот и прошетка низ 5те ДИЈАМАНТИ на националниот парк Cinque Terre. Пристигнување во градот La Spezia од каде се продолжува со воз. Cinque Terre е област лоцирана на Лигурското крајбрежје сочинета од 5 селца: Monterosso al Mare, Vernazza, Corniglia, Manarola и Riomaggiore, кои со околните планини го сочинуваат Националниот парк CINQUE TERRE, кој е под заштита на UNESCO. Овој дел од Италијанската ривиера е еден од најпознатите и живописен  туристички центар. Враќање во La Spezia. Поаѓање за Монтекатини. Ноќевање.

 

4 ден 09.10.2017 – Монтекатини – Сиена – Сан Џемињано – Монтекатини

Појадок. После појадокот заминување на полудневен факултативен излет во градовите Сиена и Сан Џимињано. Пристигнување во Сиена, градот кој низ историјата претставуал најголем ривал на Фиренца и втор по важност во Тоскана по богатата ризница на уметничко и културно наследство. Разглед на градот: црквата San Domenico, Катедралата Siena – Metropolitana di Sandra Maria Assunta, Pallazo Salimbeni и Piazza Salimbeni  и плоштадот  Del Campo – плоштад во облик на школка на кој се одржува познатата коњска трка Palio… Слободно време за индивидуална прошетка до поаѓањето за Сан Џимињано. Пристигнување во San Gimignano типично тосканско градче опкружено со винови насади и маслинови градини. “San Gimignano dala belle Tore” во кој е добро сочуван амбиентот од XIII и XIV век, и 14-те кули кои прават една целина на ова живописно мало тосканско градче. Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во Монтекатини. Слободна вечер за индивидуални прошетки низ Монтекатини. Ноќевање.

5 ден 10.10.2017 Монтекатини – ФИРЕНЦА – Скопје

Појадок. После појадокот, рано наутро заминување за Фиренца, лоцирана во срцето на Тоскана на реката Арно, својот подем го доживува за време на моќната Фамилијата МЕДИЧИ кои владееле од XIV- XVII век, кои се познати како големи мецени на уметноста и културата, потикнувачи на ренесансниот период. Разглед на градот со локален водич: Палатата Векио, Катедралата Дел Фиори, Крстилницата Сан Џовани, Плоштадот Сињори, Галеријата УФИЦИ, Мостот ПОНТЕ ВЕКИО, Црквата Санта Кроче, Палатата Пити… Во попладневните часoви поаѓање за Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попантни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола.

 

6 ден 11.10.2017 – Скопје

Пристигање во Скопје во вечерните часови .

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 15.09: 189€/11.710 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 199€/12.330 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадената релација
  • Сместување во хотел со 3* на база 3НП (ноќевање со појадок) во Монтекатини
  • Организиран разглед на Фиренца со локален водич
  • Организиран разглед на Пиза
  • Организација, реализација и професионален туристички придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет на Cinque Terre (трансфер, Cinque Terre card – воз до 5-те места, користење на wi-fi, трансфер од железничка до центар на Корнилија итн.) – 45€
  • Посета на Сиена и Сан Џемињано (трансфер, локален водич) – 45€
  • Туристичка такса во хотел во Монтекатини (се плаќа на рецепција 1-3€ на ден)
  • Патничко здравствено осигурување (групно, без франшиза) – 5€
  • Индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени се минимум од 45 патници

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија