GRUPNO KRSTARENJE MEDITERAN

За ова патување важат општите услови на СКТМ

КРСТАРЕЊЕ ПО МЕДИТЕРАН

ГРУПНО ПОАЃАЊЕ СО ВОДИЧ ОД СКОПЈЕ

 Поаѓање: 29 СЕПТЕМВРИ 2017

Day Date Port Arrival Departure
Sat 30/09/2017 Genoa, Italy 18:00
Sun 01/10/2017 Civitavecchia, Italy 07:00 17:00
Mon 02/10/2017 Palermo, Italy 09:00 17:00
Tue 03/10/2017 Cagliari, Italy 09:00 18:00
Wed 04/10/2017 Palma de Mallorca, Spain 15:00 23:59
Thu 05/10/2017 Valencia, Spain 09:00 16:00
Fri 06/10/2017 Marseille, France 13:00 20:00
Sat 07/10/2017 Genoa, Italy 09:00

                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                                 

 

 

 

Ден / Место Програма на патување

 

1. ден (29.09.2017)

СКОПЈЕЏЕНОВА

Поаѓање од Скопје во 08:00 часот од паркингот кај спортски центар Борис Трајковски. Патување за Џенова преку Србија, Хрватска, Словенија, со попатни паузи.
2. ден (30.09.2017)

ЏЕНОВА

Пристигнување во Џенова во претпладневните часови. Чекирање на бродот. Слободно време за разгледување на Џенова со нашиот водич. Испловување на бродот во 18.00 часот.

Џенова е главниот град на областа Лигурија и шести најголем град во Италија со над 800.000 жители. Џенова е еден од најголемите Европски градови на Медитеранот и најголемо пристаниште во Италија. Ја нарекуваат “Горделива” заради нејзиното величествено минато. Впишана е  е на листата на Светското културно наследство на УНЕСКО во 2006 година. Нејзината богата историја а посебно уметност, музика и кујна придонесоа во 2004 година да стане Европска престолнина на културата. Џенова е родното место на Кристофер Колумбо, Николо Паганини, Ѓузепе Мазини.

Џенова, која го формира јужниот агол на индустрискиот триаголник на северозападна Италија, Милано – Торино – Џенова, е еден од најголемите економски центри на државата. Градот е седиште на огромни бродоградилишта и челична индустрија од 19от век, а неговиот финансиски сектор датира уште од средниот век. Банката на Сеинт Џорџ основана во 1407 година е помеѓу најстарите банки на светот и играла многу важна улога во просперитетот на градот уште од средината на 15от век. Денес, голем број на водечките италијански компании имаат седиште токму тука, вклучувајќи ги и Selex ES, Ansaldo Energia, Ansaldo STS, Edoardo Raffinerie Garrone, Piaggio Aerospace и Costa Cruises.

3. ден (01.10.2017)

ЧИВИТАВЕКИЈА – РИМ

Можност за организиран факултативен разглед на Рим.

Рим е главен град на Италија и на регионот Лацио. Со скоро 3 милиони жители е најголем град во Италија и четврти по големина во Европската Унија. Ватикан е независна држава во рамките на самиот град и е единствен таков пример во светот, и затоа Рим често го нарекуваат главен град на 2 држави.

Римската историја датира од пред 2500 години. Додека Римската митологија го сместува основањето на градот во 753 година пред новата ера, местото било населено од многу поодамна што го прави градот најстар град со континуирано живеење во Европа. Најстарите жители се мешавина на Латини, Етрурци и Сабини. Станал главен град на Римското Кралство, Римската Република и Римското Царство и се спомнува како родно место на Западната Цивилизација. По паѓањето за Римското Царство што го обележи почетокот на Средниот Век, Рим полека потпаднал под политичка контрола на Папството кое се сместило во градот уште од првиот век на новата ера и до осмиот век станал центар на Папските Држави што траело дури до 1870 година.

Почнувајќи со Ренесансата скоро сите Папи почнувајќи од Николас Петти константно се залагале во текот на 400 години преку архитектонска и урбанистичка програма, да го направат градот светски уметнички и културен центар. Благодарејќи на тоа Рим станал еден од најголемите центри на Италијанската Ренесанса и родно место на Барокот и Неокласицизмот. Познати уметници, сликари, скулптори и архитекти го направиле Рим центар на своите активности, создавајќи ремек дела насекаде во градот.

Во 1871 година Рим станал главен град на Кралството Италија а, во 1946 главен град на Италијанската Република.

Рим има статус на глобален град, во 2014 година е рангиран како 14ти најпосетен град во светот, трет најпосетен град во Европа и најпопуларна атракција во Италија. Историскиот центар на градот е вброен во Светското Културно наследство на УНЕСКО. Спомениците и музеите како што се Ватиканските Музеи и Колосеумот се вбројуват помеѓу најпосетените туристички дестинација кои ги посетуваат милиони туристи годишно. Рим бил домаќин на летните Олимписки игри во 1960 година и е седиште на Организацијата за Храна и Агрикултура на Обединетите Нации.

4. ден (02.10.2017.)

ПАЛЕРМО

Палермо е град на Јужна италија и главен град на автономниот регион Сицилија. Градот е значаен по својата историја, култура, архитектура и гастрономија. Неговото постоење датира од пред 2700 години. Сместен на северозапад на островот Сицилија одма до заливот Палермо на Тиренското море.

Градот е основан во 734та година пред новата ера од страна на Феникијците, потоа га запоседнале Картагените пред да стане дел од Римската република па Римското Царство па Византиското царство низ повеќе од илјада години. Од 831 до 1072 година градот бил под Арапско владение кога прв пат станал и главен град. По освојувањето од Норманите, Палермо станал главен град на ново кралство (од 1130 до 1816), Кралството Сицилија и главен град на Светата Римска Империја под Фредерик Втори и Конрад Четврти од Германија, Кралот на Римјаните. На крајот Сицилија се соединува со Кралството Неапол за да се формира Кралството на Две Сицилии се до Италијанското обединување во 1860 година.

Населението на урбаната зона на Палермо се проценува на околу 850.000 жители. Ги нарекуваат Палермитани или поетично Панормити. Јазици кои ги зборуваат жителите на Палермо се Италијанскиот јазик, Сицилијански јазик и Палермитански дијалект.

Палермо е културен, економски и туристички центар на Сицилија. Град богат со историја, култура, уметност, музика и храна. Привлекува многубројни туристи поради добрата Медитеранска клима, реномирана кујна и ресторани,  неговата Романеска, Готски и Барокни цркви, палати и згради како и ноќен живот и музика. Спомнавме дека Палермо е главен индустриски и комерцијален центар на Сицилија. Главните индустриски сектори ги вклучуваат туризмот, услугите, трговијата и агрикултурата. Постои меѓународен аеродром, и градот се вбројува меѓу најголемите градови на Медитеранот и една од најзначајните туристички дестинации на Италија и Европа. Тука се наоѓаат познатите атракции Араб-Норман Палермо и Катедралата на Кефалу и Монреале. Римскиот Католицизам е многу важен во палермитанската култура. Духовен Покровител на градот е Санта Росалиа чиј ден се слави на 15ти Јули.

 

5. ден (03.10.2017)

КАЉАРИ

Каљари е главен град на автономниот регион – остров Сардинија. Сардиниското име на Каљари е Casteddu што во буквален превод значи замок. Брои околу 150.000 жители, додека со приградските општини таа бројка се движи околу 470.000.

Старовековен град со долга историја, Каљари го видел владеењето на повеќе цивилизации.  Под зградите на модерниот град се наоѓаат  значителен број остатоци кои сведочат за животот на луѓето во временски период од 5 илјади години, од Неолитот па до денес. Историските знаменитости ги вклучуваат и Domus de Janas, голема Некропола од Картагенската ера, Амфитеатар од Римската ера, Византиска базилика, и силен систем на тврдини – фортификации кои градот го направиле база  средиште на Шпанската Хабзбургшка моќ во западниот дел на Медитеранот. Природните ресурси на градот од секогаш биле затскриенето пристаниште, утврденото брдо Замокот ди Кастро, модерниот Casteddu, солта од лагуните, житото од Campidano и среброто и други руди од рудниците Iglesiente.

Каљари бил главен град на Кралството Сардиниа од 1324 до 1848 година кога Торино станал формален главен град на Кралството кое во 1861 година станало Кралството Италија. Денес градот е регионален културен, образовен, политички и уметнички центар познат по својата разновидна Арт Нуво архитектура и многу споменици. Исто така е економски и индустриски центар со едно од најголемите пристаништа на Медитеранот, меѓународен аеродром што го прави градот меѓу оние со најголем годишен приход во друштво со неколку градови од Северна Италија.

Седиште е на Универзитетот на Каљари основан 1607 година како и на Римската Католичка Надбискупија на Сардинија уште од 5от век на нашата ера.

Од 1870 година по обединувањето на Италија градот доживува време на брз пораст. Многу згради се изгадени кон крајот на 19от век за време на мандатот на градоначалникот Отоне Бацареда. Многу објекти се во комбинација на влијанието на Арт Нуво и традиционалниот сардиниски вкус за цветна декорација, пример е Градската Куќа од бел мермер во близина на пристаништето. Бацареда е познат и по силната репресија во текот на работничките штрајкови на почетокот на 20от век.

Во текот на Втората Светска војна Каљари бил силно бомбардиран од страна на сојузниците во февруари 1943 година.

6. ден (04.10.2017)

ПАЛМА ДЕ МАЈОРКА

Палма е главен и најголем град на автономната заедница на Балеарските острови во Шпанија. Сместена е на јужниот брег на Мајорка во заливот Палма. Во градот и околината живеат над 600.000 илјади жители што ја чини Палма 12ти град по големина во Шпанија. Аеродромот во Палма опслужува над 22 милиони патници годишно.

Палма е основана како Римски камп кој им користел на Римјаните како пристаниште преку кое пловеле кон Африка. По падот на западното Римско Царство градот бил под Византиска контрола многу кратко по што во 902 година бил освоен од Маврите и бил под Исламска контрола до 1229 година. Во тој период на власт се смениле повеќе династии на исламски владетели. На 31 декември 1229 година по 3 месечна опсада градот бил освоен од страна на Џејмс Први од Арагон, тогашен владетел на Арагон, Барселона и Монпеље а, потоа на Мајорка и Валенсија. Неговото владеење било најдолго од било кој Ибериски монах. Тогаш градот го добил своето име Град Мајорка кое трае до денес. По смртта на Џејмс, Палма станала еден од двата главни градови на Кралството Мајорка. Синот на Џејмс Први, Џејмс Втори од Мајорка започнал изградба на повеќе објекти во градот како што се Замокот Белвер – првиот кружен замок во Европа, црквите Сент Францеск и Сент Доминго, ја реновирал палатата Алмудања и ја започнал изградбата на Катедралата на Палма.

Поволната географска положба на градот и овозможила екстензивни трговски односи со Каталонија, Валенсија, Прованса, северно афричките градови, Италијанските републики и провинциите кои биле под власт на Отоманското царство. Овој дел од историјата на Палма (14-15 век) се смета за златното време на градот.

Од поновата историја, Палма доживува процват како туристичка дестинација од 1950та година, привлекла туристи од целиот свет а работници од внтрешноста на Шпанија.

И, еден куриозитет, островот Палма е родно место на познатиот светски тенисер Рафаел Надал.

 

7. ден (05.10.2017)

ВАЛЕНСИЈА

 

Валенсија е главен град на автономната заедница Валенсија и е трет град по големина во Шпанија веднаш по Мадрид и Барселона, со 800.000 жители во градското подрачје а со приградските општини бројката достигнува 2.5 милиони жители. Пристаништето на Валенсија е петто најфреквентно пристаниште за контејнери во Европа а, најфреквентно на Медитеранот.

Валенсија е основана како Римска колонија од страна на конзулот Децимус Јуниус Брутус Калаикус во 138 година пред новата ера и го нарекувале Валентиа Едетанорум. Во 711 година Муслиманите го окупирале градот, претставувајќи го и наметнувајќи го својот јазик, религија и обичаи. Тие имплементираат подобрен систем за наводнување и гаење на нови култури посеви. Во 1238 година Христијанскиот крал Џејмс Први од Арагон го освоил градот и земјиштето го разделил помеѓу благородниците кои му помогнале да го освои градот за што постојат сведоштва и во Книгата на Поделби (Катастар). Тој исто така напишал нов закон за градот кој подоцна се применувал и на остатокот на Кралството Валенсија. Во 18от век Филип Петти од Шпанија ги укинува привилегиите на Кралството Валенсија како казна за нивната соработка со Хабзбурзите во Војната за Шпанската Поделба. Валенсија била главен град на Шпанија кога Јозеф Први го преместил Судот таму во 1812 година, и била главен град на Шпанија од 1936 до 1937 година за време на Втората Шпанска Република.

Валенсија е сместена на брегот на реката Турија и источниот брег на Иберискиот полуостров. На 11км јужно од градот се наоѓа најголемото езеро во Шпанија – Албуфера.

Од средината на 1990те години поранешниот индустриски центар Валенсија почна вртоглав развој кој ги прошири нејзините културни и туристички можности и ја претвори во нов пулсирачки град. Многу локални знаменитости се реставрирани вклучувајќи ги и древните кули од средновековниот град и Манастирот Сант Мигел дел Рејес кој сега има очувана библиотека. Цели делови на стариот град се значајно реновирани, изградена е Пасео Маритим – долга променада со палми покрај плажите на северниот дел од пристаништето.

Градот има бројни конгресни центри и 5 звездени хотели да ги смести бизнис патниците.

При прошетката низ Валенсија не смее да се пропуштат: Катедралата Валенсија, Torres de Serrans, Torres de Quart, Llotja de la Seda ( Светско културно наследство на УНЕСКО) и Градот на Уметностите и Науките. Градот на Уметностите и Науките е забавно културен и архитектонски комплекс во самиот град Валенсија. Претставува најзначајна модерна туристичка атракција во градот и претставува едно од 12те ризници на Шпанија. Сместен е на крајот на коритото на реката Туриа која била исушена и пренасочена по катастрофалните поплави во 1957 година.  Старото корито на реката е претворено во прекрасен парк. Градот на Уметностите и Науките е проектиран од Сантијаго Калатрава и Феликс Кандела, почнал со изградба во 1996 година и завршен за само 2 години.

Во Музејот Belles Arts de Valencia се наоѓа голема збирка на уметнички слики од 14от до 18от век вклучувајќи ги и делата на големите Веласкез, Ел Греко, Пиранеси.

Институтот на Модерна Уметност на Валенсија пак е домаќин и на постојаните и на повремените поставки на модерна уметност и фотографија.

 

8. ден (06.10.2017)

МАРСЕЈ

Марсеј е главен град на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег во Франција. Сместен на јужниот брег на Франција претставува втор најголем град во Франција по број на жители (850.000).

Нарекуван од старите Грци и Римјани Масалиа, Марсеј бил најзначаен трговски центар во регионот и главно пристаниште на Француското Царство. Денес Марсеј е најголем француски град на Медитеранот и најголемо комерцијално, товарно и крузерско пристаниште. Градот беше Европски Културен Центар во 2013 година. Беше домаќин на Европското фудбалско првенство во 2016 година  и ќе биде Европски Центар на Спортот во 2017 година. Градот е седиште на неколку кампуси на Универзитетот Aix-Marseille. Во античко време, основан од Хелени, Масалиа станала едно од најважните трговски центри во светот. Во тоа време бил аристократска република и драхмите кои биле ковани во Масалиа во тоа време можеле да се најдат низ целиот Медитеран. Градот бил дом на познатиот грчки математичар, навигатор и астроном Питеас. Градот служел како алка на поврзување помеѓу Галија која побарувала римски производи и вино и Рим кој имал потреба од робови. По Римската Граѓанска војна Марсеј потпаднал под Римска власт. По распадот на Римското Царство економскиот просперитет на Марсеј продолжил се до неговото освојување од страна на франкскиот водач Шарл Мартел. Потоа следеле 2 века на постојани напади од Грци и Сарацени при што градот често пати бил разрушуван. По 10от век градот бил под власт на грофовите од Прованса и повторно се издигнал. Во 1348 година Марсеј го зафатила црната чума која покосила 15 000 од тогашните 25 000 жители. Наскоро градот се опоравил и во 15от век бил присоединет кон Франција.  Низ 18от век одбрамбените капацитети на градот биле значително зајакнати и Марсеј станал главното Француско воено пристаниште на Медитеранот. Во 1720 година Големата Чума на Марсеј го зафатила градот – последната пандемија од овој вид во Европа која одзела 100.000 животи во овој регион. Локалната популација ентузијастички ја прифатила Француската Револуција и испартила 500 доброволци во Париз во 1792 година за да ја бранат револуционерната власт. Нивната револуционерна песна, пеена додека марширале кон Париз била позната како Марсељеза која  денес е химна на Франција. Благодарение на јакнењето на Француската Империја, Марсеј доживеал значителен подем особено со отворањето на Суецкиот канал во 1869 година. Во меѓувоениот период Марсеј бил познат по силните криминални организации кои оперирале во градот и околината. Во втората Светска војна градот бил бомбардиран од Германците и Италијаните и бил окупиран во ноември 1942 година. 4000 Евреи биле уапсени и испратени во камповите во Полска во акцијата наречена Тигар. Старото пристаниште било уништено од Германците во 1943 година. Марсеј бил ослободен на 29 Август 1944 година од страна на 130.000 француски трупи. По војната поголемиот дел од градот бил обновен во текот на 1950те години. Владите на источна и Западна Германија како и Италија платиле огромни репарации на градот за претрпените штети во војната. По 1950 година пристаништето служело како влез на голем број на мигранти од Африка во Франција. Многу емигранти особено Алжирци останале во градот каде што формирале француско афрички кварт со голем пазар.

9. ден (07.10.2016.)

ЏЕНОВА – СКОПЈЕ

Пристигнување во Џенова во 09:00. Искрцување од бродот. Поаѓање за Скопје. Попатно застанување во Новента ди Пјаве, еден од најголемите  дизјнерски аутлети. Продолжување на патот кон Скопје со попатни паузи.
10. ден (08.10.2017.) Пристигнување во Скопје во пладневните часови.
ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
ВНАТРЕШНА КАБИНА ПРОЗОРСКА КАБИНА БАЛКОНСКА КАБИНА
670 € 780 € 890 €
Пристанишни такси еур 130 по лице

 

 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Повратен автобуски превоз на релација Скопје-Џенова-Скопје (удобен високоподен автобус со клима, ТВ + видео)
  • Крстарење според програмата
  • Сместување во избраната категорија на кабина
  • Проширен полн пансион (појадок, ручек, вечера, ужина)
  • Италијанска вечер каде имате можност да се запознаете со капетанот на бродот
  • Сите забавни програми и анимации, претстави во театар, влез во казино и дискотека, спортски активности, употреба на фитнес, сауни, базени и џакузи, лежалки)
  • Лиценциран водич во текот на целото патување

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Лична потрошувачка (алкохолни и безалкохолни пијалоци на бродот); перална; здравствени и козметички третмани; фризерски салон; телефонски повици,
  • Патничко – здравствено осигурување;
  • Напојници задолжително (10 еур по лице на ден – се плаќаат на бродот)
  • Факултативна посета на Рим 50 еур
  • Карти за шатл бус од пристаниште до центар на град во Палма Де Мајорка, Валенсија и Марсеј

 

 

 

ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

МИНИМУМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ГРУПАТА Е 40 ПАТНИЦИ!

Минимум за реализација на факултативните разгледи е 30 патници

Проширениот полн пансион на бродот вклучува појадок, ручек (шведска маса) и вечера (сет мени), како и меѓуоброци. Кафе, чај, вода и сокови од апарат кои се дел од шведската маса за појадок и ручек – не се плаќаат.

За гала вечерта се очекува прикладна – свечена облека. За мажите задолжително е сако, се препорачува одело.

 

 

 

УСЛОВИ НА ПЛАЌАЊЕ:

Уплата на аконтација од 50% при потврда на резервација. Остатокот 20 дена пред пат.

Уплатата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 62,00.

Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на цената доколку не се постигне минималниот број на патници, доколку има промени во курсот на денарот.

 

За ова патување важат општите услови на СКТМ

 

Актуелни Понуди

11 ОКТОМВРИ

CINQUE TERRE

11 ОКТОМВРИ

Милано

11 ОКТОМВРИ

Венеција

11 ОКТОМВРИ

Дворците на Баварија

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија