Истанбул

&nbsp

Организиран трансфер од  Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

1 ден 29.12.2017 – Скопје – Истанбул

Состанок на групата на паркингот пред спортски центар Борис Трaјковски во 15:30 и поаѓање за Истанбул во 16:00ч. Дневно и ноќно патување преку  Р.Грција со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден 30.12.2017 – Панорамски разглед на Азискиопт дел на Истанбул

Пристигање во Истанбул во предпладневните часови. Во пладневните часови факултативна можност за панорамски разглед на Азискиот дел на Истанбул – Џамлиџа од каде се пружа незаборавен поглед кон Европскиот дел на градот. Разгледот продолжува со  посета на највисоката зграда во Европа, а воедно и шопинг центар, познатата Sapphire Syirterasi, висока 236м од каде под агол од 360º се гледа единствениот град во светот кој лежи на два континента. Освен незаборавната можност  да се напиете од познатиот турски чај под отворените крија на Истанбул, Sapphire Seyirterasi нуди и можност преку четири-димензионалните симулации да го надлетувате бескарајното небо над Истанбул и да ги посетувате најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Плавата Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула… Слободно време за шопинг. Враќање во хотел. Ноќевање.

 

3 ден 31.12.2017 – Истанбул-разглед на стaриот Европски дел на градот Султан Ахмет

Појадок. По појадокот следи целодневен разглед стариот дел од градот со локален водич: Римскиот аквадукт, Хиподромот, посета на Сината џамија, Аја Софија,Топкапи Палатата и  Вселенската Патријаршија. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за дочек на Нова Година 2018 индивидуално на некој од плоштадите на градот. Ноќевање.

 

4 ден 01.01.2018 – Посета Долам Бахче Сарај и Крстарење по Босфор

Појадок. Факултативна посета на Долма Бахче Сарај – последната резиденција на Отоманскиот Султан која содржи музејска збирка со непроценливо богатство и Крстарење со брод по Босфор – факултативно со панорамски разглед на мостовите кои ги поврзуваат – Европскиот и Азискиот дел на Истанбул. Враќање во хотел. Во вечерните часови можност за факултативна посета на турски национален ресторан со богата шоу програма и традиционално мени. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

 

05 ден 02.01.2018 – Истанбул (предлог Капали Чаршија)

Појадок. Слободно време за индивидуални прошетки и шопинг во познатата Капали Чаршија што во превод значи затворен пазар, која воедно е и најстариот затворен пазар во светот распореден на околу 31.000 м/2 со над 3000 продавници и помеѓу 250-400.000 посетители дневно. Започнала да се гради 1455 во времето на Султанот Мехмед II, а била отворена во 1461 год. Од тогаш до денес е вистинска атракција за туристите, но и егзистенција за илјадници турски семејства. Во попладневните часови поаѓање за Скопје преку Р. Грција. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден. 02.01.2018 (вторник)  – Скопје

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.11.2017: 159€/9.850 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169€/10.470 денари  

 

Во цената на арнжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* на база 3 НП (ноќевање со појадок)
  • Панорамски разглед на Истанбул со локален водич
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Посета на Национален ресторан – 40€
  • Посета на Долма Бахче Сарај (факултативно) – 35 (превоз + влезница + водич)
  • Крстарење по Босфор – 15€ (факултативно)
  • Панорамски разглед на Азискиот дел на Истанбул – Џамлиџа и посета на Sapphire Seyirterasi – 20€ (превоз+водич-влезница за панорамската тераса) – факултативно
  • Влезници за Аја Софија, Топ Капи Палата и 4D Sky Ride
  • Патничко-здравствено осигурување 5

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот  потребени се минимум од 45 патници, за овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија