Милано

1 ден 07.12.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО Состанок на групата во 11:30 часот и поаѓање за Милано во 12:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности. 2 ден 08.12.2017 МИЛАНО Пристигнување во Милано во пладневните часови и […]

1 ден 07.12.2017 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 11:30 часот и поаѓање за Милано во 12:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 08.12.2017 МИЛАНО

Пристигнување во Милано во пладневните часови и следи организиран разглед на Милано со локален водич: Миланската катедрала, операта, галеријата Виториo Емануелe, замокот Sforza, плоштадот и катедралата Дуомо, градската куќа, црквата Santa Maria delle Graziе. Сместување во хотел… Слободна вечер и можност за прошетка низ центарот на градот (индивидуално во договор со водичот). Ноќевање.

3 ден 09.12.2017 КОМО – ЛУГАНО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на градот каде ќе имате можност да вкусите традиционална италијанска пица, прошетки и индивидуални активности. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.12.2017 МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 11.12.2017 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 10.11: 169€/10.470 ден

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:   185€/11.470 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Милано
  • Организиран разглед на Милано со локален водич
  • Организиран разглед на Верона
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Целодневен излет на Лугано и Комо – 35€
  • Туристичка такса во Милано 3-5€ (по лице по ден)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5€

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија