Париз

1 ден 27.12.2017 СКОПЈЕ – Виена- ПРАГА Состанок со групата во 11:30 ч.на паркингот пред хотел „ВИП“ и поаѓање за Прага во 12:00ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и други царински формалности. 2 ден 28.12.2017 Виена – ПРАГА Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска […]

1 ден 27.12.2017 СКОПЈЕ – Виена- ПРАГА

Состанок со групата во 11:30 ч.на паркингот пред хотел „ВИП“ и поаѓање за Прага во 12:00ч. Патување преку Србија, Унгарија и Словачка. Дневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 28.12.2017 Виена – ПРАГА

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св.Стефан. Слободно време.  Патувањето продолжува за Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор и индивидуални активности. Уживајте во предновогодишната магија на градот или вечерта факултативна посета на пивница со традиционална вечера и шоу програма (со локален автобус). Ноќевање.

3 ден 29.12.2017 ПРАГА – ПАРИЗ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување на разглед на Прага со локален водич: разглед на Стариот град Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kарло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито, Златната улица…..  По завршување на разгледот, слободно време за индивидуални активности, прошетка или шопинг во центарот на Прага. Вечерта препорачуваме факултативно крстарење по В’лтава. Поаѓање за Париз во вечерните часови. Ноќно возење со попатни паузи за одмор.

4 ден 30.12.2017 ПАРИЗ

Пристигнување во Париз во утринските часови. По пристигнувањето, панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Република, плоштадот Конкорд, плоштадот Бастилја, катедралата Нотр Дам, латинскиот кварт, Лувр, Елисејските полиња, домот на инвалидите, Триумфалната капија… Сместување во хотел. Слободно попладне и вечер за индивидуални активности и прошетка во центарот и уживање во празничната атмосфера на градот или препорачуваме прошетка со наш водич: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро). Можност за факултативно крстарење по реката Сена. Ноќевање.

5 ден 31.12.2017 ПАРИЗ – ВЕРСАЈ – ПАРИЗ

Појадок. После појадокот, можност за факултативна посета на една од најзначајните и најубавите палати – Кралската палата – Версај и неговите прочуени градини. Враќање во хотел. Слободно попладне и припрема за дочек на Новата Година. Трансфер до центарот на градот и дочек на Новата Година. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден 01.01.2018 ПАРИЗ – ЛУВР – МИНХЕН

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и факултативна посета на еден од најпознатите музеи во светот – Лувр и факултативна посета на Ајфеловата кула. После посетата, слободно попладне за индивидуални активности. Поаѓање за Минхен во вечерните часови. Ноќно патување со попатни паузи за одмор.

7 ден 02.01.2018 МИНХЕН

Пристигнување во Минхен во пладневните часови. Разглед на градот: Дворецот Нимфенбург, летната резиденција на Вителсбахови, резиденцијата Максимилианеум, националнта опера и театарот, галерија на нови и стари Пинакотеки, центарот на градот Мариенплатц, плоштад Виктуалиенмаркт. Слободно време за индивидуална прошетка по градот. Сместување во хотел. Слободно попладне и слободна вечер. Вечерта можност за индивидуална прошетка низ градот како и посета на традиционална Баварска пивница. Ноќевање.

8 ден 03.01.2018 САЛЗБУРГ

Појадок. Напуштање на хотелот и заминување према Салзбург.  Пристигнување и разглед на Салзбург, пешачка тура: Дворец Мирабел и градина, куќата на Моцарт, стариот плоштад, плоштадот на Моцарт, катедрала, глокеншпил, надбискупска резиденција, најстарите гробишта и најстариот ресторан во Европа од 8 век. Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Ноќно патување преку Словенија, Хрватска и Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

9.ден 04.01.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.11.2017: 289 / 17.910 денари

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 309/ 19.150 денари

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со модерен туристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел со 3* во Прага – 1 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 3* во Париз – 2 НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 3* во Минхен – 1 НП (ноќевање со појадок)
  • Разглед на Париз со локален водич
  •  Организирана прошетка низ Виена, Минхен и Салзбург.
  • Професионален придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на аранжманот

Ве цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење во реката В’лтава во Прага – 15€
  • Посета на традиционална Чешка пивница (мени вечера+шоу) јавен превоз- 35€
  • Разглед на Прага со локален водич  –  10€
  • Срцето на Париз ( метро/бус )  – 5€
  • Посета на музејот Лувр (влезница) – 20€
  • Посета на Версај (влезница + водич + превоз) – 45€
    ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА ПРИ УПЛАТА
  • Посета на Ајфеловата Кула (влезница за лифт) – 15€
  • Крстарење по реката Сена – 15€
  • Патничко осигурување без франшиза – 5€
  • Индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За реализација на овој аранжман и факултативните излети потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Фалкон Травел и СКТМ

 

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија