Париз – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Париз

07.03.2018 – Скопје – Виена

Состанок на групата во 11.30 ч. на паркингот спроти спортската сала Борис Трајковски. Поаѓање за Виенa во 12.00 ч. Се патува преку граничниот премин Табановце, Белград, Будимпешта. Ноќно возење.

08.03.2018 – Виена – Прага

Пристигнување во Виена во утринските часови. Утринска панорамска прошетка: Рингот, Операта, Парламентот, стариот дел на градот со црквата Св. Стефан. Слободно време. Патувањето продолжува кон Прага каде се пристигнува во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.

09.03.2018 – Прага

Појадок. Пртпладне, предлагаме панорамско разгледување на Прага : Горниот град – Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часоник-Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашkата кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад, Националниот музеј. По разгледот, препопрачуваме крстарење по реката В’лтава. Слободно попладне. Поаѓање кон Париз во вечерните часови. Ноќно возење.

10.03.2018 – Париз

Во утринските часови пристигнување во Париз   – најелегантниот град на светот кој изобилува со уметност и историја. Предлагаме панорамски разглед на Париз со автобус и локален водич: плоштадот Бастиља, Универзитетската четврт, Сорбона, Нотр Дам, Трокадеро, Ајфелова Кула, Марсовите полиња, плоштадот Конкорд, зградата на Парламентот, Домот на Инвалидите, Елисејските полиња, Триумфалната капија. Сместување во хотел. Слободно попладне. Препорачуваме прошетка со наш водич и неговите приказни: “Срцето на Париз”: прошетка низ Латинскиот кварт, влегуваме во Богородичната црква, се искачуваме на Мон Мартр, ја посетуваме црквата на Светото срце, се одмараме со топло чоколадо* на плоштадот на уметниците. Ќе прошетаме по булеварот на ноќниот живот на Пигал и ќе го видиме најпознатиот ноќен клуб Мулен руж. (Метро).  Ноќевање.

11.03.2018 – Париз

Појадок. Предпладне препорачуваме прекрасен излет со автобус и локален водич: Кралскиот Париз. Разгледот го започнуваме со животот на француските кралеви посетувајки го кралскиот замок Версај, последната резиденција на француските кралеви и еден од најубавите дворци во светот. Веднаш потоа, посета на некогашниот кралски дворец, денеска музеј – Лувр. Ја продолжуваме прошетката со наш водич и неговите приказни: “Париз-градот на светлоста”: Ајде да се искачиме на Ајфелова кула, да крстариме 1 час со брод по Сена – единствено доживување.   Враќање во хотел. Ноќевање.

12.03.2018 – Дизниленд – Минхен

Појадок. Препорачуваме целодневен излет во имагинарниот свет на Дизни – Дизниленд. Прекрасна забава во 2 тематски парка или прекрасна прошетка низ нов прекрасен град како од бајките Val de Europe – шопинг центар со сите можни брендови и бутици од Париз. Секако дека може да се остане во Париз и да посетите некои од прочуените музеи и места: Домот на Инвалидите и гробот на Наполеон Бонапарта, куќата на Балзак, музејот на Пикасо, да се искачите на триумфалната капија, да купувате во најпознатата стоковна куќа Галерија Лафает. Во вечерните часови поаѓаме кон Минхен (840km). Ноќно возење.

13.03.2018 Минхен

Пристигнуваме во утринските часови. Предпладне прошетка низ стариот дел на градот: Плоштадот Карл, Фрауен Кирхе, Новата општинска зграда, Мариен плац, Виктуалиен маркет, Операта. Сместување во хотел. Слободно попладне… Ви препорачуваме да ја посетиме најголемата Кралска пивница ХБ (пиво и свински коленици).  Ноќевање.

14.03.2018 – Салзбург

Појадок. Патувањето продолжува кон Салзбург  каде се пристигнува во пладневните часови. Прошетка низ стариот дел: Катедралата, плоштадот на Моцарт, Стариот плоштад, црквата Св.Петар, куќата на Моцарт, палатата Мирабел. Слободно време за индивидуални прошетки. Преполни со спомени, се упатуваме кон Скопје. Ноќно возење низ, Словенија, Хрватска, Србија.

15.03.2018 – Скопје

Пристигнување во Скопје во попладневните часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 31.01: 269/ 16.670 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 289/ 17.910 мкд

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадeната релација
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Прага (околина)
  • 2 ноќевања во хотел 3* НП во Париз (околина)
  • 1 ноќевања во хотел 3* НП во Минхен (околина)
  • Прошетка низ Виена, Минхен и Салзбург
  • Организација на аранжманот
  • Лиценциран туристички придружник

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Задолжително патничко осигурување – 5€
  • Разглед на Прага со локален водич – 10
  • Крстарње по Влтава – 15€
  • Разглед на Париз со локален водич – 15
  • Версај (превоз, влезница, локален водич) – 45€ (задолжителна резервација при уплата)
  • Лувр (влезница) – 20
  • Крстарење по Сена – 15€
  • Срцето на Париз – 10€
  • Дизниленд – цена за влезница + 20€ превоз
  • Билети за градски превоз во Прага, Париз, Минхен

 

НАПОМЕНИ:

  •  За реализација на ова патување, потребен е минимум од 45 патници.
  •  Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна 5 дена пред поаѓање

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За реализација на овој аранжман и факултативните излети потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови за Патување на Фалкон Травел и СКТМ

Актуелни Понуди

8ми Март

8ми Март

Лето 2018

Лето 2018

Зима 2017/18

Боровец

Велигден

Велигден

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија