Прага

  • Дестинација:
  • Времетраење: 6 дена
  • Цена: 139€

СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 149€/9.230 денари
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 139€/8.610 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово .

Ден 1

08.03.2017 СКОПЈЕ –ПРАГА

Состанок со групата во 14:30ч. на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски и поаѓање за Прага во 15.00ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

Ден 2

09.03.2017 ПРАГА

Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативно можност за крстарење по реката Влтава или слободна вечер за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 3

10.03.2017 ПРАГА

Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито….Слободно попладне и факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел во договорено време. Вечерта факултативна можност за посета на традиционален чешки ресторан. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 4

11.03.2017 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Враќање во хотел. Ноќевање.

Ден 5

12.03.2017 ПРАГА –  ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Попладневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Ден 6

13.03.2017 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* во Прага – 3 НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич Прага
  • Организиран разглед на Виена
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по Влтава – 15€
  • Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич – 25€ (мин. 30 лица за реализација)
  • Групно патничко осигурување без франшиза – 5
  • Посета на традиционален чешки ресторан со готски игри и забава – 35€ (мин. 20 лица за реализација)
  • Индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

Промо Понуди

Милано - 8ми Март 2017

milano-2

МИЛАНО

Период: 08.03.2017 - 13.03.2017
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 189€/11.710 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово.

Прага - 8ми Март 2017

5

ПРАГА

Период: 08.03.2017 - 13.03.2017
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 139€/8.610 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово .

CINQUE TERRE - 8ми Март 2017

firenca-1

CINQUE TERRE – FIRENCA

Период: 08.03.2017 - 13.03.2017
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 179€/11.090 ден
Организиран трансфер од градовите : Битола, Прилеп, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Куманово, Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово .

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија