Прага (со Виена)

1 ден 07.12.2017 СКОПЈЕ – ПРАГА Состанок со групата во 14:30ч. и поаѓање во 15:00ч. за Прага на паркингот пред салата Борис Трајковски. Патувањето е преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. 2 ден 08.12.2017 ПРАГА Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско разгледување на градот со водич […]

1 ден 07.12.2017 СКОПЈЕ – ПРАГА

Состанок со групата во 14:30ч. и поаѓање во 15:00ч. за Прага на паркингот пред салата Борис Трајковски. Патувањето е преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 08.12.2017 ПРАГА

Пристигнување во Прага во пладневните часови. Панорамско разгледување на градот со водич : Горниот град- Храдчани, Катедралата Св. Вито, Златната улица, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Kaрло IV, Кралскиот пат, Париската улица, Староместанскиот плоштад, Астрономскиот часовник – Орлој, градска куќа, Тинската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Прашната кула, Универзитетот на Кaрло четврти, Вацлавскиот плоштад. Националниот музеј. Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидуални прошетки. Ноќевање.

3 ден 09.12.2017 ПРАГА

Појадок. Предлагаме целодневен излет на бањскиот центар Карлови Вари. Посета на дванаесетте извори и прекрасните неоренесансни колонади. Можност да ги погледнете надалеку познатите производи од порцелан, стаклото Мозер, ликерот Бехеровка, музејот на Бехеровка… да се напиете кафе во престижниот Grand Hotel PUPP и да уживате во романтична прошетка низ ова неверојатно инспиративно градче. Враќање во Прага. Вечерта можност за крстарење со брод по реката В’лтавa. За крај на денот, предлагаме посета на Пивница во средновековен амбиент, со несекојдневна шоу програма, пиво, коленица и традиционална Чешка чорба… ќе Ве воодушеват мајсториите на средновековните витези, голтачите на пламен , стомачните танчерки… Ноќевање.

4 ден 10.12.2017 ПРАГА –  ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. Одјавување од хотел. Поаѓање за Виена со попатна посета на OUTLET SHOPPING CENTER FREEPORT . Слободно време за шопинг. По пристигнувањето во Виена, панорамско разгледување на градот со автобус: Рингот, Oперата, Парламентот, Музејската четврт, Универзитетот, зимскиот дворец Хофбург, катедралата Св. Стефан… Слободно време во Виена. Во вечерните часови патувањето продолжува кон Македонија. Ноќно возење со попатни паузи.

5 ден 11.12.2017 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

ПРОМОТИВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 10.11: 129€/ 7.990 мкд

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 139€/ 8.610 мкд

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* во Прага – 2 НП (ноќевање + појадок) http://www.astrahotel.cz/
  • Организиран разглед со локален водич Прага
  • Организирана посета на Виена
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по Влтава – 15€
  • Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич – 25€
  • Патничко осигурување – 5
  • Посета на традиционален чешки ресторан со вечера и традиционални танци – 30€
  • Индивидуални трошоци

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Потребен минимум за реализација на факултативите е 30 лица

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија