Рим

Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес

1 ден 07.03.2018 СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА

Состанок со групата во 13:30 ч. и поаѓање за Венеција 14:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 08.03.2018  ВЕНЕЦИЈА

Пристигнување во Пунта Сабионе во пладневните часови. Продолжуваме кон Венеција (со брод) за разглед на градот со локален водич: Плоштадот и црквата Св. Марко, Дуждевата палата, Мостот Риалто, Каналот Гранде… Слободно попладне за прошетка и индивидуални активности како и можност за романтично возење со гондола. Во договорено време поаѓање за Лидо ди Јесоло (45km ) и сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 09.03.2018 ЛИДО ДИ ЈЕСОЛО – РИМ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и поаѓање за Рим. Дневно возење со попатни паузи за одмор. Пристигнување во Рим во попладневните часови и панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): Колосеумот, Форумот, Плоштадот Венеција, Шпанскиот плоштад, Фонтана ди Треви, Пантеон, улицата виа дел Корсо, плоштадот Дел Пополо, зградата на Италијанската влада…. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови сместување во хотел. Ноќевање.

4 ден 10.03.2018 – РИМ – ТИВОЛИ – ВАТИКАН

Појадок. После појадокот можност за факултативна посета на Тиволи . Посета на волшебните градини и паркови збогатени со стотици фонтатни на вилата d’Este, која претставува една од најубавите и најимпозантните градини во светот. Вилата е под заштита на UNESCO како објект од светско културно наследство. По завршување на разгледот, се упатуваме према Ватикан, посета со локален водич:  црквата Св. Петар и Ватиканскиот музеј (Сикстинската капела). После разгледот на Ватикан слободно време за индивидуални прошетка низ центарот на Рим. Во договорено време враќање во хотел. Вечерта предлагаме факултативен излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Ноќевање.

5 ден 11.03.2018 – РИМ – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот. Се упатуваме према центарот на градот. Слободно време за индивидуални активности, прошетки, ручек. Во договор со водичот, можност за индивидуална посета на римскиот Колосеум и Римскиот фоурм. Во вечерните часови поаѓање за Скопје.

6 ден 12.03.2018 – Скопје

Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ ДО 31.01: 220/ 13.640 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 235/ 14.570 ден.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
  • Професионален туристички пратител за време на целото патување
  • Сместување во хотел со 3* во Лидо ди Јесоло – 1НП (ноќевање со појадок)
  • Сместување во хотел со 3* – во Рим или околина – 2НП (ноќевање со појадок)
  • Оранизиран разглед на Венеција со локален водич
  • Реализација и организација на програмата
  • Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес

 

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Карта за брод на релација Пунта Сабионе – Венеција – Пунта Сабионе – 15
  • Посета на Тиволи (превоз, влез и разглед) – 30€ – мин. 25 лица
  • Организиран разглед на Рим со локален водич – 10
  • Посета на Ватикан (превоз, влезница, слушалки и разглед со локален водич) – 45
  • Rome by night излет- 10€
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Туристичка такса во хотелот во Рим – 2-5€ по лице на ден (се плаќа во хотелот)
  • Карти за јавен превоз во Рим

 

 

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Напомена: за реализација на овој аранжман како и за факултативните излети се потребни  минимум 45 патници!

За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ и Фалкон Травел

Актуелни Понуди

8ми Март

8ми Март

Лето 2018

Лето 2018

Зима 2017/18

Боровец

Велигден

Велигден

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија