Рим

 

1 ден – 28.12.2017 СКОПЈЕ – Монтекатини

Состанок со групата во 12:30 часот и поаѓање за Милано во 13:00 часот на паркингот кај хотел „Александар Палас“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден – 29.12.2017 МОНТЕКАТИНИ – ПИЗА

Пристигнување во пладневните часови во Монтекатини Терме. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Во вечерните часови предлагаме посета и прошетка на Пиза. Пиза, град во Италија лоциран на бреговите на Тосканската ривиера, некогашна моќна поморска сила чијашто флота скоро 150 години била најголемата сила на Средоземното море. Посета на центарот на градот каде се сместени трите обележја на овој град: Piazza Dei Miracoli, Катедралата DUOMO, крстилиницата San Giovanni, Кривата Кула (која вооедно е и најпознатата кула во Италија), Campo Santo (Стари гробишта). Слободно време за индивидуална прошетка. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден – 30.12.2017 МОНТЕКАТИНИ – РИМ

Појадок. Поаѓање кон Рим. Пристигнување во Рим во пладневните часови. Одиме на панорамско разгледување на Рим, пешки, со локален водич: плоштадот на Републиката, Олтарот на мирот, плоштадот Венеција, Римскиот Форум, Виа Дел Корсо, Фонтаната ди Треви, Виа Венето, мостовите на Тибар, црквата Св.Петар, Колосеумот…Сместување во хотел. Вечерта предлагаме излет Roma by night. Прекрасно доживување на Рим кое нема да ве остави рамнодушни. Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден – 31.12.2017 РИМ – ТИВОЛИ – ВАТИКАН

Појадок. Предлагаме факултативна посета на Ватикан и ватиканските музеи: Црквата во Ватикан, Сикстинската капела, Катедралата Св.Петар со локален водич. Предпладне предлагаме прекрасен излет до Тиволи. Посета на волшебните паркови и фонтани на вилата Д Есте. Летниковец кој го користела високата класа уште од античко време. Вилата Д Есте е под заштита на UNESCO и е единствена и најпрепознатлива  по монументалните фонтани, од кои нај впечатливи се оние кои се изградени во барок стил и имитираат звуци како што се песната на птиците или оргуљи.  Враќање во Рим. Слободно време за индивудуални прошетки низ Рим. Ноќевање.

5 ден  01.01.2018: РИМ – ФИРЕНЦА

Појадок. Патувањето продолжува за Скопје,со попатна прошетка низ Фиренца. Разглед на стариот дел од градот кој што е под заштита на UNESCO како светско културно наследство. Во овој дел живееле: Ботичели, Донатело, Микеланџело, Леонардо да Винчи, Галилео Галилеј. Посета на историскиот дел од градот: галеријата Ufici, катедралата Santa Maria del Fiore, градската катедрала, плоштадот Signoria, палатата Vekio… Слободно време за индивидуални активности. Полни со прекрасни впечатоци во доцните попладенвни часови поаѓаме кон Скопје. Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија со попатни застанувања поради одмор и царински формалности.

6 ден – 02.01.2018 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во вечерните  часови.

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.11.2017: 245/ 15.190 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 265/16.430 ден.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел 3* – 1 НП (ноќевање со појадок) Монтекатини Терме
  • Сместување во хотел3* – 2НП  ( ноќевање со појадток) Рим ( или околина на Рим)
  • Разглед на Рим  со локален водич
  • Организиран разглед на Фиренца.
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен посета на Пиза ( вечерна посета) – 15
  • Факултативна посета на Ватиканските музеи (влезница , водич и превоз) – 50€  ЗАДОЛЖИТЕЛНА РЕЗЕРВАЦИЈА при УПЛАТА
  • Влезница за базиликата Св.Петар – 5
  • Рим by Night –  15
  • Факултативна посета на Тиволи – 25
  • Задолжителна посета на Фиренца –  30
  • Туристичка такса за ноќевање во Монтекатини Терме 1-5 (се плаќа во хотелот)
  • Туристичка такса за ноќевање во Рим (1-5€  се плаќа во хотел)
  • Возни билети за Метро/Бус.
  • Влезници за културно-историските знаменитости.
  • Индивудуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5€

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници

За ова патување важат Општите Услови на Патување на Фалкон Травел и СКТМ

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија