Св. Петка – Јаши

Св. Петка – Јаши
08.11 – 11.11

Моштите на Св. Петка – Јаши

 

01 ден 08.11 (Среда)  СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата во 16:30ч. на паркингот кај Спортски центар Борис Трајковски. Поаѓање за Букурешт во 17.00ч. Патување е преку Бугарија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Ноќно возење.

02 ден 09.11 (Четврток)  БУКУРЕШТ – ЈАШИ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа,  Патријаршијата каде што се сместени моштите на Св.Константин и Св.Елена. Во попладневните часови патувањето продолжува кон Јаши, сместување во хотел. Ноќевање.

03 ден 10.11 (Петок) ЈАШИ

Појадок. После појадокот посета на најголемата православна црква во Романија каде што се сместени моштите на Св.Петка. Слободно време за поклонение пред светите мошти. Слободен ден за индивидуални активности и разглед на градот во кој се сместени преку 100 цркви, градски паркови, ресторани, пешачка зона со продавници и бутици, голем број на музеи и згради заштитени од УНЕСКО. Ноќевање 

04 ден 11.11 (Сабота) ЈАШИ – СКОПЈЕ

Појадок. Напуштање на собите и заминување за Скопје. Патување е преку Бугарија, со попатни паузи за одмор, пасошка и царинска контрола. Пристигнување во Скопје во доцните вечерни часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7900.oo денари


Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Јаши со 3* на база на 2 НП (нокевање/појадок)
  • Разглед на Букурешт со локален водич
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување – 5€

 

Актуелни Понуди

11 ОКТОМВРИ

CINQUE TERRE

11 ОКТОМВРИ

Милано

11 ОКТОМВРИ

Венеција

11 ОКТОМВРИ

Дворците на Баварија

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија