Тајланд

Ова патување во земјата на ” слободата и насмевките”, како популарно се нарекува Тајланд, нуди уживање во разноликата природа и запознавање со фантастичната будистичка култура и историја, вкусење на перфектните тајландски специјалитети како и незаборавен ноќен живот.

ТАЈЛАНД- БАНГКОК И ПУКЕТ

ТАЈЛАНД РЕДОВНА ПРОГРАМА СО КАТАР ОД СКОПЈЕ ПО ПРОМОТИВНИ ЦЕНИ

ОДМОР НА ПУКЕТ

10 ДЕНА / 8 НОЌЕВАЊА

Начелни детали на летовите

QR 306 Скопје Доха 1245 1840
QR 842 Доха Пукет 2000 0655+1
QR 841 Пукет Доха 2040 2350
QR 305 Доха Скопје 0655 1115

БАНГКОК СО ПУКЕТ

11 ДЕНА / 9 НОЌЕВАЊА

8 дена Пукет + 3 дена  Бангкок

Начелни детали на летовите

QR 306 Скопје Доха 1245 1840
QR 842 Доха Пукет 2000 0655+1
QR4380 Пукет Бангкок 1215 1345
QR 837 Бангкок Доха 0235 0545
QR 305 Доха Скопје 0655 1115

 

Ова патување во земјата на ” слободата и насмевките”, како популарно се нарекува Тајланд, нуди уживање во разноликата природа и запознавање со фантастичната будистичка култура и историја, вкусување на перфектните тајландски специјалитети како и незаборавен ноќен живот. Една од земјите на Индокинескиот полуостров која ја сочувала својата слобода во колонијалното време. Поради својата убавина, Тајланд е популарна дестинација години наназад за бројни туристи од целиот свет. Најпримамливо што нуди оваа земја е гостопримството и шармот од локалното население. Оваа земја има многу што да ви понуди, но најдобро че ја доживеет ако “забавите”, ако гледате на работите онака како што прават Тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот онаков каков што навистина е и уживаат во сето тоа.

Доживејте го Тајланд на вистински начин…

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

Одмор на Пукет 885 ЕУР ПО ЛИЦЕ/ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН

Бангкок со Пукет 935 ЕУР ПО ЛИЦЕ/ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН

Со вклучени аеродромски такси во цената на апакет аранжманот

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Цената е валидна до поплнување на места по дадена тарифа од авио компанијата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Авио билет на релација Скопје-Доха-Пукет со авио компанијата Qatar Airways
  • Аеродромски такси
  • Авио билет на релација Пукет-Бангкок ( за програмот во комбинација со Бангкок)
  • Авио билет на релација Бангкок-Доха-Скопје со авио компанијата Qatar Airways
  • Оброци за време на летовите (Скопје-Доха, Доха-Пукет, Пукет-Бангкок, Бангкок-Доха, Доха-Скопје)
  • Чекиран багаж од едно парче до 30 кг. по патник + едно парче 7 кг рачен багаж
  • Број на ноќевања назначен во програмата во Пукет во хотел со 4*(Deevana Plaza Phuket Patong) или сличен во двокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • Број на ноќевања назначен во програмата во Бангкок во хотел со 4* (Century Park hotel 4*) или сличен во двокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • Трансфери  според програмата ( аеродром-хотел-аеродром на Пукет, аеродром-хотел-аеродром во Бангкок).
  • Организација и реализација на патувањето

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Трошоци за визирање 65 еур по патник
  • Трошоци за факултативни излети
  • Патничко осигурување

 

УСЛОВИ :

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници.
  • За ова патување не се задолжителна медицински имунизации.
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.

 

НЕОПХОДНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА

За влез во Тајланд потребно е претходно обезбедена виза и за истата посредува туристиката агенција, а од документи потребно е:

  • Валиден пасош од најмалку 6 месеци од датумот на враќање, во оригинал
  • 2 слики пасошка големина, со бела позадина, во оригинал
  • Хотелска резервација- ја обезбедува агенцијата
  • Повратен авио билет- ја обеезбедува агенцијата
  • Патничко осигурување
  • Пополнет формулар- ќе го добиете при резервација во агенцијата

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.Минимум за реализација два патника.

Уплата во МКД по курс 62,00

Актуелни Понуди

8ми Март

8ми Март

Лето 2018

Лето 2018

Зима 2017/18

Боровец

Велигден

Велигден

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија