Тајланд

12 ДЕНА / 10 НОЌЕВАЊА

ТАЈЛАНД- БАНГКОК И ПУКЕТ

12 ДЕНА / 10 НОЌЕВАЊА

7 ноќевања Пукет + 2 ноќевања Бангкок

Ова патување во земјата на ” слободата и насмевките”, како популарно се нарекува Тајланд, нуди уживање во разноликата природа и запознавање со фантастичната будистичка култура и историја, вкусење на перфектните тајландски специјалитети како и незаборавен ноќен живот. Една од земјите на Индокинескиот полуостров која ја сочувала својата слобода во колонијалното време. Поради својата убавина, Тајланд е популарна дестинација години наназад за бројни туристи од целиот свет. Најпримамливо што нуди оваа земја е гостопримството и шармот од локалното население. Оваа земја има многу што да ви понуди, но најдобро ќе ја доживеет ако “забавите”, ако гледате на работите онака како што прават Тајланѓаните. Тие никаде не брзаат, го прифаќаат животот онаков каков што навистина е и уживаат во сето тоа.

Доживејте го Тајланд на прав начин…

Термин: 16.10 – 27.10.2017

ДЕН 1. СКОПЈЕ-ДОХА-ПУКЕТ

Пристигнување на аеродромот Александар Велики во Скопје во 10:00 часот. Предвидено време за полетување за Доха 12:15 часот со авио компанијата Qatar Airways. Оброци за време на летот. Слетување во Доха во 18:15 часот ( локално време). Полетување за Пукет во 20:00 часот, оброк за време на летот.

ДЕН 2. ПУКЕТ

Слетување во Пукет во 06:30 часот (локално време). По завршувањето со царинските формалности и подигнувањето на багажот, трансфер до хотелот во Пукет. Сместување. Слободно време. Ноќевање.

ДЕН 38 ден. ПУКЕТ

Појадок во хотелот. Слободни денови за ужување на некоја од најубавите плажи во светот. Можност за организација на факултативни излети. Ноќевање.

ДЕН 9.– ПУКЕТ – БАНГКОК  

Појадок во хотелот. Напуштање на собите во предвиденото време (околу 11 часот). Слободно време до трансфер. Трансфер до аеродром. Предвидено време за полетување за Бангкок во 14:40 часот (локално време). Слетување во Бангкок во 16:05 часот (локално време). Трансфер до хотелот во Бангкок. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

ДЕН 10. – БАНГКОК

Појадок во хотелот. Слободно време за индивидуални активности. Можност за организација на факултативни излети. Ноќевање.

ДЕН 11.– БАНГКОК – ДОХА

Појадок во хотелот. Напуштање на собите во предвиденото време (околу 11 часот). Слободно време за индивидуални активности до трансфер на аеродром. Трансфер на аеродром во Бангког, предвидено време за полетување за Доха е 21:15 часот (локално време).. Оброк за време на летот. Слетување во Доха во 23:55 часот (локално време).

ДЕН 12.–  ДОХА – СКОПЈЕ

Полетување од Доха за Скопје во 06:50 часот (локално време)., оброк за време на летот. Слетување во Скопје во 11:15 часот (локално време). Крај на програмата.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:

799 ЕУР ПО ЛИЦЕ

ВЕ МОЛИМЕ ДА ГО ПРОВЕРИТЕ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ЛЕТАЊЕ ДВА ДЕНА ПРЕД ПОАЃАЊЕ.

Цената е дадена во евра и пресметана во денари, по курс 1 евро = 62 денари

Цената е валидна до поплнување на места по дадена тарифа од авио компанијата.

 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Авио билет на релација Скопје-Доха-Пукет со авио компанијата Qatar Airways
  • Авио билет на релација Пукет-Бангкок со авио компанијата Qatar Airways
  • Авио билет на релација Бангкок-Доха-Скопје со авио компанијата Qatar Airways
  • Оброци за време на летовите (Скопје-Доха, Доха-Пукет, Пукет-Бангкок, Бангкок-Доха, Доха-Скопје)
  • Чекиран багаж од едно парче до 30 кг. по патник + едно парче 7 кг рачен багаж
  • 7 ноќевања во Пукет во хотел со 4* во двокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • 2 ноќевања во Бангкок во хотел со 4* во двокреветна соба на база ноќевање со појадок
  • Трансфери  според програмата ( аеродром-хотел-аеродром на Пукет, аеродром-хотел-аеродром во Бангкок).
  • Организација и реализација на патувањето

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Аеродромски такси 149€ по лице – подложни на промени,до денот на поаѓањето
  • Трошоци за визирање 65 еур по патник
  • Трошоци за факултативни излети
  • Туристичка такса на Тајланд
  • Патничко осигурување

 

УСЛОВИ :

  • При резервација се плаќа депозит од 50%, а целосна уплата се прави најдоцна 15 дена пред поаѓање.
  • Понудата важи за минимум 2 пријавени патници.
  • За ова патување не се задолжителна медицински имунизации.
  • Туроператорот го задржува правото да го менува редоследот на реализација на програмата.

НЕОПХОДНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ВИЗА

За влез во Тајланд потребно е претходно обезбедена виза и за истата посредува туристиката агенција, а од документи потребно е:

  • Валиден пасош од најмалку 6 месеци од датумот на враќање, во оригинал
  • 2 слики пасошка големина, со бела позадина, во оригинал
  • Хотелска резервација- ја обезбедува агенцијата
  • Повратен авио билет- ја обеезбедува агенцијата
  • Патничко осигурување
  • Пополнет формулар- ќе го добиете при резервација во агенцијата

 

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ

  • Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
  • Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.

 

Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето.

Актуелни Понуди

11 ОКТОМВРИ

CINQUE TERRE

11 ОКТОМВРИ

Милано

11 ОКТОМВРИ

Венеција

11 ОКТОМВРИ

Дворците на Баварија

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија