Виена – СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА

Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес

1 ден 07.03.2018 Скопје – Виена

Состанок со групата на паркингот пред спортски центар „Борис Трајковски“ во 15.30 ч. и поаѓање за Виена во 16:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 08.03.2018 Виена

Пристигнување во претпладневните часови во Виена и почнуваме со панорамски разглед на градот со локален водич (факултативно): плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Попладнето после разгледот сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Вечерта, трансфер до центар и слободно време за индивидуални прошетки. Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

3 ден 09.03.2018 Виенски шуми – шопинг SCS

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и можност за факултативна посета на Виенски Шуми (полудневен разглед). Се посетува Сегроте, некогашниот рудник каде била фабриката за авиони на Хитлер и најголемото подземно езеро во Европа. Потоа прошетката продолжува кон манастирот Хајлигенкројц и прошетка низ живописниот град Баден, во подножјето на виенските шуми и царските бањи. По завршување на разгледот, се упатуваме кон еден од најголемите шопинг центри SCS. Во попладневните часови враќање во хотел. Вечерта можност за посета на некоја од локалните пивници во центарот на градот (индивидуално). Ноќевање.

4 ден 10.03.2018 Шенбрун – Дунавска Кула

Појадок. После појадокот трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1.700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). Подоцна слободно време за ручек и индивидуални активности низ центарот на градот. Во попладневните часови, поаѓање кон Скопје со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 11.03.2018 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ПРОМОТИВНА ЦЕНА ЗА УПЛАТИ ДО 31.01: 129/ 7.990 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139/8.610 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел во Виена со 3* на база на 2НП (нокевање/појадок)
  • Професионален туристички придружник
  • Организација и реализација на програмата
  • Бесплатен трансфер од Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, Штип и Велес

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун (превоз + влезница + локален водич) – 30
  • Разглед на Виена со локален водич – 10€
  • Факултативна посета на Виенски шуми со локален водич – 25€ – мин. 25 лица за реализација
  • Патничко осигурување – 5€

 

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Фалкон Травел и СКТМ

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

Актуелни Понуди

8ми Март

8ми Март

Лето 2018

Лето 2018

Зима 2017/18

Боровец

Велигден

Велигден

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија