Виена

 

Организиран трансфер од  Битола, Прилеп, Кавадарци (Дреново), Струмица, Штип, Велес

Виена за време на Новогодишните празници нуди прекрасна програма со возбуда во текот на денот и ноќта. На 31-ви Декември, стариот град на Виена центарот го претвора во огромна забавна зона. Најголемата забава е загарантирана на Патека на Нова Година по чијашто должина десетици гастрономи Ви служат пунч и разни специјалитети. Виена украсена со хумористични забави, шоу програми, валцер, музика од секаков жанр, пловење по Дунав  претставува вистинско уживање. www.wien.info

1 ден 29.12.2017 Скопје – Виена

Состанок со групата  во 16.30 ч. на паркингот пред хотел Александар Палас и поаѓање за Виена во 17:00ч. Ноќно патување преку Србија и Унгарија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 30.12.2017 Виена

Пристигнување во Виена во попладневните часови и сместување во хотел (доколку се поминат границите без поголеми непланирани задржувања и времето дозволи, ќе се посети Outlet Shopping Center – Parndorf пред сместување во хотел). Слободно попладне за одмор. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена. Слободно време за индивидуални прошетки и уживање во предновогодишната атмосфера низ украсените улици на Виена. Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 31.12.2017 Виена

Појадок. После појадокот заминуваме на панорамски разглед на градот со локален водич: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Слободно време за индивидуална прошетка во центарот на Виена. Новогодишната магија се чувствува на секој агол. Враќање во хотел и слободно време за одмор и припреми за дочекот на Новата Година. Вечерта трансфер со автобус до центарот на Виена за дочек на Нова Година 2017 – плоштад РАТХАУС (Rathaus Wien). Враќање во хотел во договорено време. Ноќевање.

4 ден 01.01.2018 Виена

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и трансфер со автобус до дворецот „Шенбрун“ (факултативна посета) со локален водич – (дворецот Шенбрун е познатата летна Хабзбуршка резиденција, кој е изграден 1700 г. Палатата и паркот кој го опкружуваат говорат за животот на многу познати личности меѓу кои: Марија Антоанета, Моцарт, Наполеон и кралот Франц Јосиф). После тоа, слободно време за индивидуална прошетка низ Виена. Во договорено време, факултативна посета на Дунавската Кула. Поаѓање кон Скопје во попладневните часови со попатни паузи за одмор.

5 ден 02.01.2018 Скопје

Пристигнување во Скопје во предпладневните часови.

 

ЦЕНА ЗА РАНА УПЛАТА ДО 25.11.2017: 159€/9.850 ден.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 169€/10.470 ден.

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобуси
  • Сместување во хотел 3* на база 2НП
  • Разглед на Виена со локален водич
  • Професионален туристички придружник за време на целото патување
  • Организација и реализација на програмата

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Влезница за дворецот Шенбрун – 30€ – (влезница + локален водич + превоз)
  • Дунавска Кула – 10€
  • Патничко осигурување – 5€
  • Индивидуални трошоци и се што не е наведено во програмата

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

Пријавување за факултативните излети до 20.12. Плаќањето се врши во автобус.

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Фалкон Травел

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија