ЗАНЗИБАР

13 НОЕМВРИ 2017 – 11 ДЕНА/ 8 НОЌИ

 

 

ТРОПСКА ИДИЛА НА ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ РАЈСКИ ОСТРОВИ

ЗАНЗИБАР ЕСЕН 2017

 13 НОЕМВРИ 2017 – 11 ДЕНА/ 8 НОЌИ

 

Миризливиот Занзибар, магичен, егзотичен, романтичен… Див и софистициран … преубав и софистициран… секако незаборавен и магепсувачки. Посетете го Stone Town- градот под заштита на УНЕСКО со куќи постари од 250 години. Едена од најубавите фарми за зачини на светот, запознајте ја бујната вегетација на локалната џунгла… 

ЕДНО ОД НАЈЕГЗОТИЧНИТЕ МЕСТА НА ЗЕМЈАТА.   

ГРУПНО ПОАГАЊЕ СО ПРОФЕСИОНАЛЕН

ВОДИЧ НА СРПСКИ ЈАЗИК 

 

         ДЕН/ МЕСТО ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ
1.ден

(13.11. 2017.)

БЕЛГРАД-ДУБАИ

Пристигнување на аеродромот Никола Тесла во 10.00 часа  и состанок со водичот на групата. Полетување за Дубаи во 13:00 (лет FZ 746). Летот трае околу 5 часа. Оброк и пијалок за време на летот се плаќа во авион (не се вклучени во цена). Пристигнување во Дубаи во 21:15 часа. Чекање на врска – нареден врзан лет.
2.ден

(14.11.2017.)

ДУБАИ-ЗАНЗИБАР(STONE TOWN)

Полетување за Занзибар во 03:25 (FZ 675). Оброк и пијалок за време на летот се плаќа во авион (не се вклучени во цена). Слетување во 08:20. Поминување на царинските формалности. Плаќање на виза (50 US$). Трансфер до хотелот во гградот Стоун Таун. Краток одмор. Тура – разглед на градот со водич. Stoun Taun е историски центар на Занзибар, 2000 год. е сместен во листата на УНЕСКО како светско културно наследство. Овој град е со големо историско и уметничко значење за источна Африка. Неговата архитектура главно датира од 19 век. Мешавина е на Swahili културата со арапската, персиската, маварската, индиската и европската култура и елементи. Треба да се види – старата тврдина, палатите/ музеите, куќата на чудата, Livingston куќата….Враќање во хотелот. Ноќевање. .
3.ден

(15.11.2017.)

STONE TOWN – NUNGWI

Појадок во хотелот. Поагање на ТУРА НА ЗАЧИНИ – по кои Занзибар е далеку познат. Турата трае околу 3 часа. Се возиме до Kidihi селото, каде ќе видите персиски купатила изградени во 1850 год, од страна на првиот султан на Занзибар за неговата жена. Посета на фармата на зачини, со разни видови на тропски овошја и зачини како што се: цимет, каранфил, црн пипер, ѓумбир, ванила, трева од лимон, мускат ореви, ананас, банани,м којкос, манго… Потоа одиме до шумата Jozani Forest – која е позната по голем број различни видови на дрва, бујна вегетација, голем број на птници, пеперутки и жаби. Позната е по еден вид на мајмуни кои живеат само на Занзибар – Red colobus. Честои може да ги сретнете кога се возите низ Занзибар, затоа што имаат обичај да излегуваат на пат и да сметаат во сообраќајот. Одиме кон хотел на север на островот. Сместување.
4 – 9. ден

(16.- 21.11.2017.)

      ЗАНЗИБАР

Доручек во хотелот. Престој во хотелот на база на избраната услуга – ПОЛУПАНСИОН. Слободен ден за сунчање, пливање или уживање во дневни забавни програми со анимациски тим. Вечера во хотелот. Ноќевање.

 

10. ден

(22.11.2017.)

ЗАНЗИБАР-ДУБАИ

 

Одјавување од собите меѓу 10:00-12:00 саат (можност за доплата за доцно одјавување од соба). Слободен ден. Попладневен трансфер за аеродром. Полетување за Дубаи во 22:00 (FZ 688). Летот трае 5ч.и55 минути. Оброк и пијалок за време на летот се плаќа во авион (не се вклучени во цена).
11. ден

(23.11.2017.)

ДУБАИ-БЕЛГРАД

Слетување во 05:00. Поелтување за Белград во 09.05 (FZ 745). Летот трае околу 5,5 саати. Оброк и пијалок за време на летот се плаќа во авион (не се вклучени во цена). Пристигнување во Белград во 12:15 саати.

 

ЦЕНАТА Е ИЗРАЗЕНА ВО ЕВРА ПО ЛИЦЕ ВО ДВОКРЕВЕТНА СОБА.  

 (плаќањето се врши во денарска противвредност по курс од 1 еур=62 мкд)

ХОТЕЛ МЕСТО УСЛУГА 13.11.2017.
8 ноќи
 

 

SMILES BEACH HOTEL 3*

www.smilesbeachhotel.com

 

NUNGWI/ север ПОЛУПАНСИОН 1.293

 

ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА: превоз на наведената релација, 20 кг чекиран багаж и 7 кг рачен багаж по лице, сместување во двокреветна соба во хотел од табелата на Занзибар на база ПОЛУПАНСИОН за 7 ноќи, како и ноќевање прва ноќ во хотелот 4* во градот Stone Town на база ноќевање со појадок, двата излети кои се наведени во програмот на патувањето, трансфери на дестинацијата, трошоци за организација и реализација на патувањето, професионален водич на српски јазик кој со групата поаѓа од Белград.

 

ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА: аеродромски такси 104 € (подложни се на промени се до издавањето на авиоските билети 7 дена пред почетокот на патувањето), можност за доцно напуштање на соба последниот ден со доплата (на барање), факултативни излети кои не се наведени во програмата на патување, патничко осигурување, оброк и пијалок за време на летот (се плаќа во авион) виза која се плаѓа по слетување и изнесува 50 долари, градска такса која се плаќа на лице место и изнесува 1 долар по лице по ноќ.

 

ОПИС НА ХОТЕЛОТ:

SMILES BEACH HOTEL 3* www.smilesbeachhotel.com. Неодамна реновираниот хотел Smiles Beach се наоѓа на приватна плажа во дел од селото Нунгви, нудејќи бесплатни лежалки за сунчање, мрежи и голема тропска градина. Хотелот, исто така, располага со ресторан на плажа и бесплатен Wi-Fi во собите. Сите соби се климатизирани и имаат балкон со поглед кон Индискиот Океан. Соби се со сателитска ТВ и кревет изработен од изрезбано дрво. Сите соби имаат бања со туш. Гостите можат да се релаксираат на плажата или во градината. Во ресторанот се служат јадења караткеристични за занзибарската кујна и јадења од морски плодови, морски специјалитети подготвени од свежа локална морска храна. Хотел Smiles Beach е само 200 метри од центарот на Nungwi. Камениот град е 60 километри и Меѓународниот аеродром Занзибар е на 65 километри од хотелот. Овој хотел според многумина ја има една од најдобрите локации во Нунгви

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ЗАНЗИБАР:

 

Главен град – ЗАНЗИБАР/ Официјален јазик – кисвахили и англиски/ Валута – танзаниски шилинг/ Религија – ислам/ Временска зона – GMT+3 / Струја:220 – 240 V AC, 50 Hz / Повикувачки број +255

КЛИМА: Занзибар има тропска клима со просечни дневни температури од околу 27 ° C во лето и околу 24 ° C во зима. Од јули до октомври се најпријатни месеци, бидејќи климата се карактеризира со суви денови со ниска влажност и температури околу 25 ° C. Од ноември до март, исто така, е многу убаво време во годината, само е малку потопло. Дождлив сезона е помеѓу април и мај, кога повеќето хотели во Занзибар не работат. Температурата на водата во Индискиот Океан во текот на годината е пријатна и е околу 27 ° C.

Валута и плаќања: Домашната валута е Танзанискиот шилинг или американскиот долар кој е широко прифатен. Кредитни картички се прифаќаат во повеќето хотели, но не се прифакаат во многу продавници и сигурно не на локалните пазари. Бидете подготвени да платите дополнителни 5-10% ако платите со кредитна картичка.

Здравствена заштита: ВАКЦИНАЦИЈА НЕ Е ПОТРЕБНА (освен за патниците што доаѓаат од заразени места). Се препорачува да се земе качулка или шапка за сонце и креми за сончање со висок заштитен фактор.

ВАЖНИ НАПОМЕНИ: УПЛАТА 50 % ПО ПОТВРДА НА РЕЗЕРВАЦИЈА, ОСТАТОК ДОПЛАТА 20 ДЕНА ПРЕД ПАТ

НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

– Во готово – уплата на аконтација од најмалку 50% од вкупната цена на аранжманот при резервација, остатокот најдоцна 10 дена пред поаѓање.

– кредитни картички

– уплата преку фактура

Важни напомени и доплати за авион и хотел за дополнителен број на лица:

– Максимален број на лица во стандардна двокреветна соба се две возрасни.

– Дополнително легло за дете или 3 возрасно лице на барање со доплата – ДОКОЛКУ ДОЗВОЛУВА ХОТЕЛОТ И ТИП НА СОБА

– Check in во хотелите е после 14 ч, a check out најдоцна до 12 ч.  Секое користење на соба и услуга во хотелите надвор од наведеното време, е додатно плаќање кое се врши на рецепција од хотелот директно од страна на странката.

– Сите оброци во хотелите се на база шведска маса (самопослужување)

– Организаторот на патувањето не е овластен и надлежен да ја процени исправноста и валидноста на патните и други лични исправи на патниците

– За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ

– За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност

ПРИГОВОРИ И ПОПЛАКИ – Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата . Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на овa програмa.  Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани. Ве молиме во случај на било каков инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода….), да се обратите на надлежните инситуции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да Ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции. Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усмено, агенцијата не сноси одговорност.

Важат општите услови на патување на СКТМ

Актуелни Понуди

11 ОКТОМВРИ

CINQUE TERRE

11 ОКТОМВРИ

Милано

11 ОКТОМВРИ

Венеција

11 ОКТОМВРИ

Дворците на Баварија

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија