За нас

Фалкон Травел е основан во 1999 година во Скопје и денес е една од водечките тур оператори во Р.Македонија.

Лиценца А бр. 13-4492/2

Основачите се професионалци со долгогодишно искуство и чист професионален кодекс. Агенцијата се занимава со комплетна организација на индивидуални и групни аранжмани во земјата и странство, продажба на авиобилети и превоз на патници. Водечката позиција на пазарот ја обезбедивме определувајќи се за квалитет, сигурност и отворен пристап со патниците со помош на кои ги креиравме своите понуди.

Како сигурен партнер кон своите соработници во странство, гарантираме адекватен третман за вистински одмор на своите клиенти.

Денес во својата широка понуда Фалкон Травел ги нуди најубавите дестинации на Медитеранот: Халкидики, Тасос, Скијатос, Санторини, Крит, Турција, Шпанија, Италија како и егзотични аранжмани: Тајланд, Занзибар и Танзанија, Дубаи, Куба и уште многу други дестинации кој ги задоволуваат и најсофистицираните барања на светските патници.

Секако наша специјалност се и крстарења до најдалечните меридијани ширум светот. Меѓу атрактивните понуди се и голем број на престижни велнес и спа хотели како и најпознатите ски центри.

Од основањето на Фалкон травел паралелно работи и Фалкон бус, која располага со возен парк од два високо-туристички автобуси (double-decker AYATS со 76 седишта и Temsa со 57 седишта),комбе со 8 седишта и луксузни автомобили за приватни трансфери.

Покрај нашето продажно место во Скопје од неодамна е отворена агенција и во Битола, се со цел за подобра и поквалитетна услуга на нашите клиенти. Секако, несебична поддршка ни даваат и големиот број на лојални субагенти ширум Македонија.

Преку 20.000 задоволни патници секоја година се наша обврска да ја претвориме љубовта кон патувањето во најкавалитетни туристички аранжмани.

Актуелни Понуди

Нова Година

Нова Година 2018

8 Декември

Christmas Market

Зима 2017/18

Боровец

8ми Декември

Банско

Авионски
Билети

Хотелски
резервации

Добредојдовте
во македонија